top of page

ЗАШТЕДА НА Montr⎢

Енергетска ефикасност

Зошто е значајна?


Енергетската ефикасност вклучува широк спектар на активности кои водат до зголемување на ефикасноста во потрошувачката на енергија (за греење / ладење, електрична енергија и вода) во една зграда или објект.

Со воведувањето на мерки за енергетска ефикасност ќе се намалат непотребниот отпад и прекумерната потрошувачка, а во исто време ќе се остварат и директни финансиски заштеди.

Во прилог на заштедата на енергија е и тоа што воведувањето на мерки за енергетска ефикасност влијае врз подобрување на животниот стандард, а покрај тоа мерките за енергетска ефикасност ги намалуваат и емисиите на стакленички гасови, вклучувајќи ја и емисијата на СО2.

Со оглед на намалувањето на потребата за примарна енергија, енергетската ефикасност може да се смета и како нов извор на енергија.

Клучни области во кои мерките за енергетска ефикасност можат да се применат се:

  • топлинска изолација на згради/објекти- изолација на надворешните ѕидови, покривот и подот, прозорци, ролетни;

  • греење;

  • ладење и вентилација;

  • греење на вода;

Употреба на електричната енергија во домаќинството – штедливи светилки, електрични апарати за домаќинство, вклучувајќи фрижидери, машини за перење и сушење алишта, машини за миење садови и мали апарати - ТВ, ДВД, Аудио, компјутери, принтери, микробранови печки, миксери, фенови..

Можностите за заштеда на финансиски средства се значајни. Во зависност од видот на спроведените мерки за енергетска ефикасност, со релативно мала инвестиција, може да се намали потрошувачката на електрична енергија за околу 20-30%.

Но, и само со паметно и рационално користење на енергијата може да ја намалиме нејзината потрошувачка помеѓу 5% и 10%. 

 

Како да заштедите енергија?

Корисни совети
 

Променете ги старите сијалички со штедливи LED светилки.

Со изолација на пукнатини, празнини и места каде протекува, може да заштедите до 10% на трошоците за греење и ладење.

Редовно чистете ги или заменете ги филтрите во вашиот систем за ладење/греење. Валканите филтри ја отежнуваат работата на вашиот систем и тоа доведува до непотребно зголемување на потрошувачката на електрична енергија.

Ако и кога е можно, перете ја облеката во ладна вода.

За да бидете сигурни дека вашиот фрижидер и/или замрзнувач работат ефикасно, одмрзнете ги пред дебелината на мразот да се издигне на 0,5 cm.

За време на летните месеци, наутро, спуштајте ги ролетни во вашиот дом. Oсобено тие што се наоѓаат на јужната страна. Тоа ќе помогне да се одржи температурата во вашиот дом и да се намали работата на клима уредот.

Во поладните месеци ролетните треба да бидат отворени за да може сончевата енергија слободно да влегува внатре и да го догрева вашиот дом.

Користете природно светло кога е можно.

Не го оставајте компјутерот вклучен во текот на целиот ден. Вклучете ги компјутерот, мониторот, печатачот и факсот само кога ви се потребни.

Фрижидерите и замрзнувачите функционираат најефикасно кога се полни. Затоа чувајте го вашиот фрижидер и замрзнувач што е можно по полн. Но, бидете внимателни околу преполнувањето, затоа што тоа ќе го намали струењето на воздухот и ќе го отежне работењето на апаратот.

Користете ги машините за миење садови и перење алишта после 22.00 часот.

Поставете ја температурата на ладилникот според препораката од производителот за да се избегне прекумерно ладење и губење на енергија.

Не оставајте ги вклучени вентилаторите во купатило или кујна подолго отколку што е потребно.

Доколку сте во можност и имате потреба, заменете ги старите прозорци со нови енергетско ефикасни прозорци со двослојно или трослојно емисионо стакло. Ќе ја подобрите изолацијата за 30 до 40%.

Исклучете ги светлата кога немате потреба од нив. Во просек, околу 12% од потрошената електрична енергија во едно домаќинство е за осветлување на домот.

Не оставајте го вашиот мобилен телефон вклучен во текот на ноќта. Потребни се само неколку часа за полнење.

Исклучете ја рерната неколку минути пред да истече времето за готвење. Вашата храна ќе продолжи да се готви без користење на дополнителна електрична енергија.

Ул. Македонија бр.25,

Палата Лазар Поп Трајков, 6-ти спрат, 1000 Скопје,

Република Северна Македонија

Централа: 02/ 3233 580; 02/ 3254 010

Факс: 02/ 2556 004; 02/ 3233 586

Е-пошта: erc@erc.org.mk,

voda@erc.org.mk,
potrosuvaci@erc.org.mk

Најчесто поставувани прашања

Политика за приватност

Политика за колачиња

Закон за енергетика

Закон за утврдување на цени на воднитe услуги

РКЕ

ОСНОВАЊЕ

СОСТАВ И СТРУКТУРА НА РКЕ
Претседател и членови
Организациона поставеност

Организациска структура

 

НАДЛЕЖНОСТИ
Регулирање на дејностите
Работење и донесување на одлуки
Финансирање на РКЕ
Одговорност на РКЕ

 

МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ

Одбор на регулатори на енергетската заедницаСовет на европските регулатори за енергетика

Регионална асоцијација на енергетски регулатори

Европски интеграции

Импламентација на проекти
 

ISO СТАНДАРДИ - ПОЛИТИКА

РЕГУЛАТИВА

Законски акти

 

Внатрешни организациони акти

 

ЦЕНИ

Електрична енергија

Природен гас

Топлинска енергија

Нафта и нафтени деривати

Обновливи извори

Водни извори

Отпад


ЛИЦЕНЦИ
Постапка

Обрасци
Надоместок за издавање лиценца
Издадени лиценци
Соопштенија

Предлог-одлуки

Прашања и одговори

 

МОНИТОРИНГ
Вовед

Подзаконски акти

Обрасци за доставување на податоци и информации

Интернет платформа

Извештаи и анализи на РКЕ

ЕНЕРГЕНСКИ

EЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Подзаконски акти

Правилници за цени
Тарифни системи
Правила за снабдување
Пазарни правила
Мрежни правила
Одлуки за цени и тарифи
Пазар на електрична енергија

Лиценци

ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА

Подзаконски акти

Правилници за цени
Тарифни системи
Правила за снабдување
Пазарни правила
Мрежни правила
Одлуки за цени и тарифи
Пазар на топлинска енергија

Лиценци

ПРИРОДЕН ГАС

Подзаконски акти

Правилници за цени
Тарифни системи
Правила за снабдување
Пазарни правила
Мрежни правила
Одлуки за цени и тарифи
Пазар на природен гас

Лиценци

НАФТА И НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ

Подзаконски акти

Одлуки за цени

Пазар на нафта и нафтени деривати

Лиценци

ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ

Подзаконски акти

Привремен статус на повластен производител

Повластен производител

Регистар на повластени производители

Прегледи

Лиценци

ВОДНИ УСЛУГИ

Подзаконски акти

Одлуки за тарифи

Даватели на водни услуги

Известувања

Лиценци

 

ОТПАД

Подзаконски акти

Одлуки за тарифи

Даватели на услуги

Известувања

Лиценци

ПОТРОШУВАЧИ

Права

Обврски

Заштита

Заштеда

Прашања и претставки

Спорови

ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ

Години


ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА
Соопштенија и изјави
Проекти
Кариера во РКЕ
Известувања од компании
Информации од јавен карактер
Прашања и одговори
Огласи

ЛИНКОВИ

ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ

АРХИВА

КОНТАКТ

© 2021 Регулаторна комисија за енергетикаи водни услуги на Република Северна Македонија

bottom of page