top of page

ЕНЕРГЕНСИ

ПРИРОДЕН ГАС

ПОДЗАКОНСКИ АКТИ


Правилници за цени
Тарифни системи

Лиценци
Правила за снабдување
Пазарни правила
Мрежни правила
Правила за сертификација
Правила за обезштетување
Правила за стандардизација

ОДЛУКИ ЗА ЦЕНИ И ТАРИФИ


ПАЗАР НА ПРИРОДЕН ГАС

Согласно Законот за енергетика, дејности од областа на природен гас, се:

  • трговија со природен гас;

  • пренос на природен гас;

  • управување со систем за пренос на природен гас;

  • дистрибуција на природен гас;

  • снабдување со природен гас и

  • снабдување во краен случај со природен гас. 

 

Наведените дејности може да ги вршат домашни и странски лица врз основа на издадени лиценци од страна на Регулаторната комисија за енергетика. Согласно обврските од лиценците за вршење на енергетските дејности лиценцираните субјекти имаат обврска да доставуваат до Регулаторната комисија за енергетика месечни и годишни извештаи за своето работење.

ГА-МА АД Скопје, врши енергетска дејност пренос и управување со системот за пренос на природен гас и е должна да обезбеди сигурно и безбедно работење на системот за пренос на природен гас, а кое се обезбедува со планирање, изградба и одржување на гасоводот, на мерно-регулациските станици и другата опрема, а исто така и со грижливо управување и вршење надзор на преносната мрежа и контрола на сите зафати во заштитниот појас на гасоводот.

Во Република Северна Македонија во моментот функционираат три помали системи за дистрибуција на природен гас и тоа Дирекцијата за ТИРЗ, ЈП Куманово Гас и ЈП Струмица гас. Овие претпријатија се носители на лиценци за вршење на енергетските дејности дистрибуција на природен гас, и снабдување со природен гас на потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на природен гас и се должни да обезбедат развој, одржување, како и сигурно и безбедно функционирање на системот на дистрибуција на природен гас за сигурна, квалитетна и безбедна испорака на природниот гас до корисниците.

Започнувајќи од 1 јануари 2015 година пазарот на природен гас во Република Северна Македонија е целосно либерализиран и сите потрошувачи може да изберат од кој трговец или снабдувач ќе набавуваат природен гас. Регулаторната комисија за енергетика има издадено 15 лиценци за трговија со природен гас, 2 лиценци за снабдување со природен гас, како и една лиценца за снабдување со природен гас во краен случај.

Во Република Северна Македонија изградени се следните системи за дистрибуција на природен гас, и тоа во:

− Технолошко-индустриска развојна зона ТИРЗ Скопје 1 и Скопје 2 кај с. Бунарџик со должина на дистрибутивната мрежа од 5,6 km,

− Општина Куманово со должина на дистрибутивната мрежа од 16 km и

− Општина Струмица со должина на изградената дистрибутивна мрежа од 34 km.

Преку горенаведените системи за дистрибуција на природен гас се врши испорака на природен гас за потребите на индустриските и комерцијалните потрошувачи, јавните установи и домаќинствата.

 

Енергетската инфраструктура во секторот за природен гас во Република Северна Македонија, прикажана на графиконот подолу, овозможува:

− увоз на природен гас;

− пренос на природен гас;

− дистрибуција на природен гас и

− снабдување на природен гас.

Mreza_na_GAMA.png

Графикон: Енергетска инфраструктура во секторот за природен гас во
Република Северна Македонија

Република Северна Македонија нема сопствени наоѓалишта и целокупното количество на природен гас се увезува од Русија, преку гасоводниот систем на Република Бугарија.

bottom of page